Месут Озил беше „почестен“ со подарок од страна на британскиот уметник, Амандип Синг, кој исто така е огромен навивач на Арсенал.
Германскиот репрезентативец стана херој на навивачите на „топчиите“, откако и покрај интересот на многу тимови, реши да го продолжи престојот на „Емирати“ и по враќањето од репрезентативните обврски го чекаше персонализирана слика од него во дрес на Арсенал.
„Благодарам за ова! Апсолутно го обожавам. Продолжи со добрата работа“, напиша Озил на Инстаграм.
Синг во Британија стана популарен по сликите на поп-ѕвезди како Викенд, Дрејк и Диџеј Калед.