Top Sport

Навредлива карикатура – Во „Лекип“ не го сакаат Ѓоковиќ

Францускиот „Лекип“, со навредлива карикатура, го обележа рекордот на Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер, вчера ја започна 311 недела како светски број 1. Тој го урна рекордот на Роџер Федерер.

Новак стои тажен, со раширени раце, додека навивачите му ја даваат поддршката на неговиот голем ривал Роџер Федерер.

„Погледнете, Федерер се враќа“, „Роџер засекогаш“, „Те сакаме“, се паролите на навивачите.

„Лекип“ и пред неколку дена во текстот „Нема љубов за Новак“, испрати навреди на сметка на српскиот тенисер.

 

Scroll to Top