Фудбалерот на англискиот третолигаш Лутон, Лук Бери доживеа хорор-скршеница на ногата, која беше толку страшна, што судијата реши да ги прати фудбалерите во соблекувалната додека повредениот фудбалер добиваше помош.
Инцидентот се случи веќе во втората минута од мечот на гости на Лутон против Колчестер, кога 25-годишниот Бери се обиде да ја собере топката од нозете на еден противнички фудбалер, пред ногата да му се заглави меѓу нозете на ривалот.