Top Sport

Доби дупло поголема плата, Де Брујне продолжува со „граѓаните“

Кевин Де Брујне наскоро ќе го продолжи договорот со Манчестер сити. Англиските медиуми објавија дека двете страни ги договориле сите детали, а договорот ќе стане официјален кога Белгиецот ќе го стави својот потпис на документот.

Манчестер сити позитивно одговориле на сите барања што ги имал фудбалерот. Де Брујне ќе потпише пет годишен договор за дупло поголема неделна плата од досегашната.

Де Брујне, според новиот договор, ќе има неделна плата од 361.000 евра, досега тој заработуваше 1980.000 неделно. Исто така тој инсистирал договорот да биде потпишан на пет години, што веројатно значи дека кариерата ќе ја заврши во Манчестер сити.

Кога ќе му истекне договорот, во 2026 година, Де Брујне ќе има 35 години.

Медиумите во Англија пишуваат дека с овој потег, Сити се откажале од евентуалниот трансфер на Лионел Меси.

Де Брујне е играч на Манчестер сити од 2015 година, до денес тој одиграл 250 натпревари и постигнал 60 голови за „граѓаните“.

Scroll to Top