Вообичаено е низ Европа, во пресрет на важни фудбалски натпревари, навивачите на домашниот тим да им приредат „изненадување“ на гостинските фудбалери. Од овој шаблон не отстапија ниту навивачите на ПСЖ, и покрај тоа што нивните миленици, вечерашниот реванш со Барселона ќе го започнат со резултат 4:1.
Фановите на ПСЖ, ништо не му оставија на случајот, сигурно е дека се сеќаваат што им се случи на нивните фудбалери пред четири години, кога во Барселона реваншот го започнаа со предност од 4:0. На крајот испаднаа со резултат 6:1.
Со огномет и петарди, навивачите на ПСЖ во четири часот наутро ги разбудиле Лионел Меси и останатите играчи на Барселона.
Интересно, вакво будење имаа и играчите на ПСЖ пред три недели во Барселона, но тоа не им пречеше да победат со 4:1.
At 04:00 local time, PSG fans set off firecrackers outside of the Barcelona hotel ahead of today’s Champions’ League clash. (via @Rooney919191) pic.twitter.com/WS3kLZtfqL
— Get French Football News (@GFFN) March 10, 2021