Холандскиот дефанзивец Матијс де Лихт беше индиспониран по елиминацијата на Јувентус од Порто во фудбалската Лига на шампиони. Пирова беше победата од 3-2 синоќа на „Старата дама“ во Торино затоа што португалскиот тим со 2-1 славеше на „Драгао“ па со гол повеќе во гости обезбеди четвртфинале.
„Тешко е, свесни сме дека ова ќе ја промени сезоната во целост. Сакавме да одиме што подалеку, а испаднавме уште во март. Исклучително тежок момент за нас. Секогаш е тешко кога на ваков начин ќе испаднеш. Порто поведе, па дури тогаш почнавме да играме, но беше доцна. Во второто полувреме имавме шанси, ама топката не сакаше да влезе во мрежата. Тешка вечер за нас“ рече Де Лихт.