Дуелот од англиската втора лига меѓу Брентфорд и Шефилд јунајтед заврши 1:1, но најголемо внимание предизвика смешното бркање на двајца фудбалери – играчот од средниот ред на Бренфорд, Рајан Вудс и голманот на Шефилд, Џамал Блекмен.
Откако Крис Мефам даде гол за израмнување во 69. минута, голманот Блекмен ја зеде топката од мрежата, но нестрпливиот Вудс се обиде да му ја одземе на многу повисокиот противник. На, крајот ова заврши со турканица и со два црвени картони.
Со ремито, Шефилд се на 9. место, со еден поен од местото кое води за плеј-офот за пласман во Премиер лигата, а Брентфорд заостануваат уште шест поени.