Top Sport

Директорот на Интер Марота во болница со КОВИД-19

Генералниот директор на Интер, Бепе Марота е во болницата „Хуманитас“ во Роцано неколку дена по компликациите по позитивниот тест на КОВИД-19 на 25 февруари, тврди италијанскиот весник „Кориере дела сера“.

Според изворите на весникот, поранешниот директор на Сампдорија и Јувентус добил совет да се јави во болница од страна на главниот доктор на Интер, Пјеро Волпи, но се работело за мерка на претпазливост. Состојбата на Марота се подобрила во последните неколку дена.

Покрај Марота, и генералниот директор на второлигашот Монца, и поранешен прв човек на Милан, Адријано Галијани е во болница по компликации со КОВИД-19.

Scroll to Top