Кошаркарите на Жалгирис го приредија најголемото изненадување во третото коло, во Евролигата, откако славеа во Барселона 81:75.
Екипата на Шарунас Јасикевичиус одигра одличен натпревар ја запиша втората победа во елитната конкуренција, додека Барселона го запиша вториот пораз во низа, откако во петокот загиби од Црвена звезда.
Српскиот репрезентативец Василије Мициќ го предводеше Жалгирис ос 20 поени, 8 асистенци,а двоцифрени беа уште Кевин Пангос (16 поени) и Ерон Вајт (13 поени).
Најдобар кај Барселона беше унгарскиот репрезентативец Адам Ханга со 18 поени и 10 скока, додека по 13 кошеви уфрлија Кевин Серафан и Петри Копонен.
Покрај Жалгирис победи забележаа уште и Олимпијакос, односн Реал Мадрид.
Олимпијакос во драматичен натпревар славеше во Тел Авив кај Макаби со 69:68, а Реал со 100:90 го совлада Милано. Блескаше на овој меч Лука Дончиќ кој постигна 27 поени и осум асистенции и изнуди 10 прекршоци, што му донесе индекс 41.