Околу новиот договор на Кристијано Роналдо со Реал Мадрид се напиша многу во шпанските медиуми, со шпекулации од типот дека Португалецот бара едно евро повеќе од платата на Лео Меси во Барселона, до наводното враќање во Манчестер јунајтед.
Сега „ЕСПН“, вели дека преговорите на Роналдо со претседателот на клубот, Флорентино Перез одат дотаму што тој дури лобира кои играчи да бидат продадени од составот на „Лос бланкос“ – се работи за дури седум фудбалери.
„На Роналдо не му се допаѓа Иско и неговиот однос на теренот и затоа тој е на првото место на листата“, вели анонимниот извор на „ЕСПН“. Тој нема да биде проблем да се продаде со голем број на премиерлигаши заинтересирани за неговите услуги.
Друго големо име на листата на Роналдо е Кејлор Навас, бидејќи костариканскиот голман не бил на „доволно добро ниво“ и Португалецот сака некој како Давид де Хеа или Тибо Куртоа на голот. Следни на листата се Матео Ковачиќ и Маркос Љоренте, а Роналдо не е задоволен и од тројца млади играчи на Реал – Борха Мајорал, Хесус Валехо и Ашраф Хакими.
Фото: ЕПА