Поранешниот напаѓач на Милан, Челси и Вилјареал, Алесандре Пато потпиша договор со МЛС клубот на Орландо пред стартот на новата сезона во северноамериканскиот фудбал.
Пато беше сметан за еден од најдобрите фудбалери на Милан во својот шестгодишен престој на „Сан Сиро“, но потоа следуваше неговиот пад во формата. Последен клуб пред Орландо му беше кинескиот Тианџин Тианхаи.
Во Орландо тој ќе игра покрај уште еден ветеран, поранешниот член на Манчестер јунајтед, Португалецот Нани.
Welcome to Orlando, @Pato ? #VamosOrlando pic.twitter.com/Ui5rUItvmM
— Orlando City SC (@OrlandoCitySC) March 12, 2021