Големо изненадување вечерва во Ливерпул. Екипата на Евертон на својот „Гудисон парк“ доживеа пораз од екипата на Барнли со 2-1 во рамки на 28. коло во Премиерлигата.
Избраниците на Карло Анчелоти кои се борат за пласман во Лигата на шампиони идната сезона „се сопнати“ од екипа која се бори за опстанок во најдоброто англиско друштво.
Играчите на Барнли први поведоа на мечот. Вуд уште во 13 минута носи гостинска предност 0-1.
Само 11 минути подоцна на семафорот стои 0-2. Стрелец на вториот погодок за гостите е Мекнеил.
Зрак надеж дека можат да дојдат до пресврт носи Калверт-Луин, во 32 минута намалува на 1-2.
Сепак, „карамелите“ не можеа да избегнат пораз. Во второто полувреме упатија само еден удар во рамки на голот на противничкиот тим.
Евертон останува на шестата позиција со 46 поени и е на -5 бода од позицијата која носи во ЛШ.
Барнли, пак, со денешните заслужени 3 бода се искачи на 15 позиција и тимот е на +7 поени од екипата на Фулам која во најопасната зона за испаѓање.