Top Sport

Брајтон победија во Саутепмтон

Фудбалерите на Брајтон забележаа значајна победа во борбата за опстанок во Премиер лигата. Брајтон, во Саутепмтон, ги победија „светците“ со 2:1.

Победата на Брајтон му ја обезбедија капитенот Луис Данк и Леандро Тросар, Данк погоди во 16.минута, а Торсар во второто полувреме во гол ја претвори асистенцијата на Дени Велбек.

Саутемптон, неколку минути по голот на Данк, успеаја да израмнат преку Че Адамс. Истиот фудбалер имаше голема шанса веднаш по вториот гол на Брајтон, но не успеа да погоди.

Брајтон, во Саутемптон, го прекина постот од шест натпревари без победа. Лошата серија ја започнаа со победата над актуелниот шампион Ливерпул на „Енфилд“.

Од друга страна, Саутемптон ја продолжија лошата низа, тимот на Хазенхитл има само една победа на последните девет натпревари.

Scroll to Top