Top Sport

ЕХФ за победата на Македонија над Данска и селекторското деби на Лазаров

Победата на Македонија над Данска 33:29, на 11.март во Скопје, во квалификациите за пласман на Европското првенство, одекна и во европската Куќа на ракометот. На овој натпревар на селекторската позиција дебитираше Кирил Лазаров.

„Сладок вкус имаше првото тренерско искуство на Кирил Лазаров. Како играч-тренер, легендарниот бек реши повеќе време да мине на теренот и заедно со подмладената Македонија ја запиша првата победа над актуелниот светски првак. За вториот дуел, лазаров, се посвети само на селекторската задача и тоа беше поинакво искуство. Гордоста на Данска беше повредена, па победија со 37:21, а на Лазаров му оставија многу теми за размислување“, пишува во текстот на ЕХФ:

Македонија во последните два натпревари, најпрвин ќе гостува в Финска на 28.април, а потоа на 2.мај ќе ја пречека Швајцарија.

Фото/macedoniahandball.com.mk

Scroll to Top