Кошаркарите на Барселона се поразени од Естудијантес 95:100, во домашниот шампионат. Неверојатен натпревар одигра Силван Ландсберг кој речиси сам ја победи Барса. Победа во ова кола забележа Реал во Малга против Уникаха 89:88.
Поранешниот играч на Макаби постигна 48 поени, на кои придодаде пет скока и три асистенции. Ландсберг имаше вкупно 52 индексни поени.
Кај Барселона се истакнаа Петри Копонен со 19, односно Томас Ертел со 18 поени.
Барселона и покрај поразот остана на третото место со 17 победи и осум порази, додека Естудијантес е на 11.место со 11 победи и 14 порази.
Во дербиот на колото Реал со поените на Козер, постигнати на две секунди до крајот, ја победи Уникаха 89:88.
Реал за 48 часа успеа да добие два натпревари во последните секунди. Дончиќ, во петокот, во последната секунда постигна тројка за победа над Црвена звезда во Евролигата, а во неделата, во домашниот шампионат Козер ја реши Уникаха.
Козер го предводеше Реал со 21 поен, а кај Уникаха најефикасен беше Недовиќ со 25 поени.
Реал е лидер на табелата со 22 победи и три порази, а Уникаха е на деветтата позиција со 14 победи и 11 порази.