Top Sport

Мејведер ќе го подготвува Ентони Џошуа за дуелот со Фјури

Флојд Мејведер Јуниор открива дека планира да работи со шампионот во тешка категорија Ентони Џошуа наскоро, подготвувајќи го за двата мега-дуели со Тајсон Фјури за обединување на титулите кај тешкашите.

44-годишниот Мејведер беше присутен на мечот на Џошуа против бугарскиот предизвикувач Кубрат Пулев во декември, кога Еј Џеј ги одбрани ВБА, ИБФ и ВБО титулите, и дури му даваше совети пред стартот на мечот. Американецот, кој лани објави дека сака да стане боксерски тренер, вели дека повторно е подготвен за соработка.

„Ентони Џошуа има огромно искуство, но и Тајсон Фјури има огромно искуство. Мислам дека на Ентони му помогна што загуби еден меч, бидејќи стана посилен. Постојано сум во комуникација со него и наскоро ќе соработуваме. Со Фјури се сретнав неколку пати, голем човек, многу интересен боксер“, вели Мејведер.

Scroll to Top