Атлетико Мадрид ја победи Ла Коруња 1:0 во претпоследниот натпевар од 30.коло во Ла Лига. Во неделните натпревари минимални победи забележаа Валенсија и Малга, а на две средби немаше голови.
Атлетико ја запиша 20.победа во сезоната, со голот на Кевин Гамеиро од пенал во 34.минута. Без Гримзнан, Витоло, фелипе Луис, Врсаљко и Хуанфран, тимот на Чоло Симеоне одигра просечен меч, а до бодовите стиган по престрого досудениот пенал.
Ла Коруња имаше свои шанси да приреди изненадување на „Ванда Метрополитано“, Лукас Перез не успеа да го совлада Облак.
Со оваа победа Атлетико на девет бодови ја намали разликата во однос на лидерот Барселона, додека Ла Коруња остана претпоследна.
Валенсија гостуваше кај Леганес и успеа да победи со голот на Родриго постигнат во 62.минута. Еден гол и донсе три бода на Малага против Виљареал. Кастро во 37.минута и ја донесе четвртата победа во сезоната на Малага.
Без голови завршија натпреварите Еспањол-Алавес и Еибар-Реал Сосиедад.