Top Sport

Многу сме далеку од дуел Џошуа-Вајлдер

Ентони Џошуа го предизвика единствениот друг носител на титули во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер на меч на „Вембли“, но во реалноста дуелот на двајцата највозбудливи тешкаши во последните десетина години е далеку од остварување.

28-годишниот Џошуа во неделата го совлада на поени Новозеланѓанецот Џозеф Паркер, за да ги обедини ВБА, ИБФ и ВБО титулите во тешка категорија, и остана уште ВБЦ појасот, кој останува кај Дионтеј Вајлдер, кој одби да присуствува на мечот во Кардиф.

По мечот, нормално следуваа „повиците“ за дуел, откако 32-годишниот Вајлдер напиша дека Џошуа го „ограбил“ Паркер, и симулираше повик до менаџерот на Џошуа, Еди Херн порачувајќи му да го „крене телефонот“.

Иако Херн изјави дека преговорите ќе стартуваат „следната недела“, условите за мечот ќе бидат многу тешки за остварување.

Следен логичен чекор за Ентони Џошуа би бил меч во САД, со можни локации во Лас Вегас и Њујорк, бидејќи, сепак, тешката категорија има корен во САД. Џошуа не е подготвен на таков чекор.

„Досега британските боксери мораа да одат во Америка. Фановите мораа да трошат многу пари до Вегас. Зошто да не го направиме тоа тука, во Лондон на ‘Вембли’. Нему сум му повеќе потребен јас, отколку обратно. Тој е пославен тука отколку во САД, само поради мене. Нема да имам проблем со противници. Или тој ќе се согласи, или мојата кариера ќе продолжи. Тој е во позиција 10 години да е професионалец и не го направи тоа што го направив јас. Треба да се запраша дали воопшто сака меч со мене?“, вели Џошуа

 

 

Scroll to Top