Top Sport

Како изгледа лицето на Колар по стартот на Руфи

Кемар Руфи, напаѓачот на Глазгов Ренџерс, доби црвен картон против Славија.

Руфи, со отворен ѓон го удри по лицето голманот на Славија, Ондреј Колар. Со крв на лицето и Колар мораше да го напушти теренот.

На фотографијата се гледаат последиците од бруталниот старт на Руфи врз Колар.

Инаку, Славија со вкупен резултат 3:1 успеа да се пласира во четврт-финалето во Лига Европа.

По мечот исто така имало инциденти. Неколку пати, во тунелот, бил удрен играчот на Славија, Кундела. Од таборот на Ренџерс го обвинија чешкиот фудбалер за расизам и побараа УЕФА да го истражи случајот.

 

Scroll to Top