Првиот и вториот носител на турнирот во Акапулко, Стефанос Циципас и Александар Зверев изборија пласман во финалето.
Зверев се изнамачи против Доминик Кепфер. Во меч кој траеше два часа и 10 минути, Зверев славеше победа во два сета 6/4, 7/6.
Нешто полесна задача имаше Циципас против младиот Италијанец Лоренцо Мусети. Гркото победи за 77 минути игра со 6/3, 6/1.
Финалниот меч на овој турнир од серијата 250 ќе се одигра во недела, со почеток во 4 часот.