Селекторот на Италија, Роберто Манчини, го повика во репрезентацијата капитенот на Аталанта Рафаел Толои. Овој фудбалер е роден пред 30 години во Бразил. Прв пат меѓу најдобрите италијански фудбалери ќе се ајде и фудбалерот на Специја, Матео Ричи.
Рафаел Толои е роден во сојузната бразилска држава, Мато Гросо. Кариерата ја започнал во Гоиас, а потоа играл за Сао Паоло. Во 2014 година се пресели во Рома, а потоа во Аталанта.
Во кариерата има 19 настапи за младата репрезентација на Бразил, но никогаш не добил повик во сениорскиот тим, поради што може да игра за Италија.
Покрај Толо, Манчини го повика и фудбалерот на Специја, Ричи. Последен пат фудбалер на Специја бил во националниот тим пред 85 години.
Италија под водство на Манчини нема пораз на последните 22 натпревари. Азурите квалификациите за Светското првенство ќе ги започнат против Северна Ирска на 25.март, а потоа ќе гостуваат во Бугарија и Литванија, на 28. и 31.март.