Поранешната ѕвезда на Челси, Џими Флојд Хаселбенк доби отказ од позицијата менаџер на Нортхемптон таун, откако клубот е „заглавен“ во долната четворка во третата англиска лига и ќе има тешка задача да опстане.
Хаселбенк дојде на позицијата кај „Коблерс“ минатиот септември, и го остава тимот на 22. место, со два поени зад безбедната зона, но и со натпревар повеќе од ривалите за испаѓање МК Донс, АФЦ Вимблдон и Олдхем.
„Жал ни е што Џими заминува бидејќи работеше напорно, но сметавме дека во овој момент во најдобар интерес на клубот е промена. Му посакуваме најдобро во иднина. Ја сфаќавме неговата тешка позиција, но верувам дека ќе се кренеме од оваа ситуација“, изјави претседателот на клубот, Келвин Томас.
Заменикот менаџер Дин Остин е преоден тренер до крајот на сезоната.