Top Sport

Саутемптон се полу-финалисти во ФА купот

Фудбалерите на Саутемптон изборија пласман во полу-финалето во ФА купот. „Светците“, како гости, го победија Борнмут со 3:0.

Во дуелот со довчерашниот член на Премиер лигата, играчите на Саутемптон влегоа како фаворити и таа улога ја оправдаа на теренот. Ја контролираа играта, упатија 16 удари кон противничкиот гол, а три од нив ја погодија целта.

Муса Џенепо во 37.минута го постигна голот, а до крајот на првото полувреме предноста ја зголеми Нејт Редмонд во 46.минута. Конечниот резултат го постави Че Адамс во 54.минута.

Последен пат Саутемптон стигнаа до полу-финалето на ФА купот во сезоната 2017/2018 кога беа елиминирани од Челси.

Scroll to Top