Фудбалерите на Болоња со голем пресврт победија во Кротоне со 3:2. Кротоне имаа предност од два гола по првиот дел, на крајот бодовите ги освои тимот на Синиша Михајловиќ. Кротоне полека тоне кон Серија Б, овој тим е последен со само 15 бодови, додека Болоња се десетти со 34 бода.
Одличната игра во првото полувреме, фудбалерите на Кротоне ја крунисаа со два гола, преку Месиас во 32. и Сими од пенал во 40.минута.
Оваа предност Кротоне ја имаа до 62.минута, кога резултатот го намали Сумаоро, осум минути подоцна израмни Шоутен, а конечните 2:3 ги постави Олсен во 84.минута.