Top Sport

Сити го скрши Евертон во финишот за полу-финале во ФА купот

Фудбалерите на Манчестер сити се вторите полу-финалисти во ФА купот. „Граѓаните“, во четврт-финалето, како гости на Гудисон парк го победија Евертон со 2:0.

Сити, влегоа во дуелот како фаворити, меѓутоа многу потешко од очекувањата дојдоа до победата. Евертон го дела десетина минути од продолженијата, кои беа нивна главна цел.

Тимот на Пеп Гвардиола, го имаше поседот, се обидуваше да нападне, меѓутоа не успеавше да справи со добро организираната одбрана на Евертон.

До 84.минута, двата тима имаа по една добра да постигнат гол.

Работите на теренот се сменија кога во 80.минута Кевин Де Брујне влезе во игра.

Белгиецот, учествуваше во акцијата, кога Гундоган во 84.минута го постигна првиот гол, а стави топчка на натпреварот во 91.минута.

Покрај Сити, пласман во полу-финалето избори и Саутемптон. Утре се играат преостанатите два натпевари: Челси-Шефилд јунајтед и Лестер-Манчестер јунајтед.

Scroll to Top