Top Sport

Борусија лесно мина низ Гелзенкирхен

Фудбалерите на Борусија од Менхенгладбах го совладаа Шалке со 3:0.

Ларс Штиндл во 15.минута го постигна првиот гол на натпреварот. До крајот на полувремето Борусија доминираше на теренот, но немаше промени во резултатот.

Борусија во ист ритам продолжи и во второто полувреме, а Шалке втор пат потклекнаа во 63.минута кога гол постигна Лајнер. Девет минути подоцна Роноу го постави конечниот реузлтат.

Шалке незадржливо тоне кон втората Бундес лигата, тимот од Гелзенкирхен во 26 натпревари забележа само една победа, последен е со само 10 бода. Борусија ќе продолжи да се бори за место во европските купови, со оваа победа стигна до 36 поени и до деветтото место на табелата.

Scroll to Top