Top Sport

Меси одлуката ќе ја соопшти по завршувањето на сезоната

Лионел Меси на крајот од сезоната ќе ја донесе одлуката која со нетрпение ја очекуваат во Барселона. Договорот на Аргентинецот истекува на 30.јуни, а тој се уште е во дилема дали да го напушти „Ноу Камп“ или да остане во Барселона.

Меси, минатото лето, побара трансфер, а потоа се премисли со образложение дека не сака со клубт да се влечка по судови. Според медиумите враќањето на Жоан Лапорта ќе го натера да остане во Барселона.

„ЕСПН“, пишува дека неколку фактори ќе влијаат врз неговата одлука. Меси најпрвин сакал да види какви потези ќе повлече Лапорта на трансфер пазарот. Барселона се поврзува со неколку фудбалери кои ќе бидат слободни во јуни.

Наводно со Жоржињо Вајналдум, Лапорта веќе потшишал преддоговор, блиску до враќање во клубот е и Ерик Гарсија од Манчестер сити, а клубот ги сака и Давид Алаба, Мемфис Депај и Серхио Агуеро.

Scroll to Top