Лацио сакаат по само една сезона да го продадат Ведат Муриќи, и една опција е Косовецот да се врати во Фенербахче.
Муриќи ги чинеше Лацио 18.5 милиони евра плус бонуси во септември 2020, но во 25 меча за Лацио постигна само два гола и една асистенција, откако беше промовиран како алтернатива на Чиро Имобиле, а наместо тоа падна како четврт избор, зад Хоакин Кореа и Фелипе Каиседо.
Ако Лацио не успеат да се пласираат во Лигата на шампионите оваа сезона, се очекува да ги „кратат“ трошоците, а Муриќи е првиот на листата. Муриќи постигна 17 гола во 36 меча со Фенербахче во 2019/20.