Top Sport

Муса Дембеле се чувствува добро

Атлетико Мадрид ја извести јавноста дека напаѓачот Муса Дембеле, кој колабираше на вчерашниот тренинг, се чувствува добро. И Дембеле потврдил дека нема причина за загриженост.

24-годишниот Дембеле на тренинг со фудбалерите кои не се заминати на интернационалната пауза, моментално ја загубил свеста.

„На Муса Дембеле му падна притисокот во текот на тренингот. Неговата состојба ќе ја следат докторите, тој се чувствува добро“, соопшти Атлетико.

 

Scroll to Top