Фудбалерот на Барселона, Ансу Фати, во изборот на специјализираниот фудбалски портал Гол е избран за најдобар млад играч во светот. Во конкуренција за оваа награда беа фудбалери родени по 1.јануари 2002 година. Најдобриот млад фудбалер го избираа 44 новинари од целиот свет.
Ансу Фати, поради повреда, не игра од крајот на ноември минатата година. Се очекува тој во тимот на Барселона да се врати во финишот на сезоната. Фати, минатата сезона, кога уште не беше полнолетен, стана најмладиот стрелец во историјата на Барселона, во Ла Лига и во Лигата на шампионите.
Фати, наградата ја доби пред Едуард Камавинга (Рен), Џио Рејна (Борусија Дортмунд), Педри (Барселона) и Џуд Белингем (Борусија Дортмунд).
Во минатото оваа награда ја добивале Џејдон Санчо, Џиџи Донарума, Јули Тилеманс и Родриго.