Top Sport

Ќе се игра натпреварот Германија-Исланд

Фудбалскиот сојуз на Германија потврди дека вечерва ќе се одигра натпреварот Германија-Исланд.

Натпреварот кој се игра во рамките на Ј-групата, во која се наоѓа и Македонија, беше под знак прашалник поради позитивен тест на коронавирусот, во таборот на Германија..

Германците, претпладнево ги откажаа сите активности, играчите останаа изолирани во своите соби, откако фудбалерот на Борусија Менхенгладбах, Јонас Хофман, добил позитивен тест на вирусот Ковид-19.

По неколку часовна комуникација со ФИФА и УЕФА, Германците објавија дека добиле дозвола натпреварот да биде одигран.

Германија, од 20.45 часот во Дуизбург, ќе го пречека Исланд.

Scroll to Top