Во Фукушима свечено е запален олимпискиот пламен. Во наредните 121 дена, пламенот ќе ја обиколи Јапонија, а патувањето ќе го заврши на 23.јули во Токио, кога ќе бидат отворени Олимписките игри.
Олимпискиот факел први имаа чест да го носат репрезентативките од славната генерација, кои во 2011 година станаа светски шампионки во фудбал.
Поради пандемијата на коронавирусот, патувањето на пламенот е ограничено само на Јапонија. Низ целата земја, пламенот, ќе го носат околу 10.000 спортисти.
Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23.јули до 8.август.