Top Sport

Роналдо во Белград игнорираше момче кое го чекаше со трогателна порака

Србија, утре, ќе ја пречека Португалија во квалификациите за СП 2022. Португалците предводени од најголемата ѕвезда, Кристијано Роналдо, синоќа пристигнаа во Белград.

На аеродромот „Никола Тесла“, фанови се собрале за да го пречекаат Роналдо. Меѓу нив имало најмногу деца, новинарите и снимателите веднаш го забележале малиот Борис. Тој се обидел но не успеал да добие автограм од својот идол.

„Крстијано минав 1.300 километри за да добијам твој автограм. Борис“, пишувало на транспарентот кој во рацете го држело момчето од Полска.

Борис, успеал да се доближи до автобусот, но не добил автограм. Роналдо не го забележал момчето.

Фото/Танјуг

Scroll to Top