Поранешниот фудбалер на Реал и Баерн Минехн, Чаби Алонсо, по завршувањето на сезоната сепак нема да ја преземе Борусија од Менхенгладбах. Пред четири дена „Билд“, како сигурна ја објави информацијата дека Алонсо, ќе го наследи на клупата Марко Росе.
Чаби Алонсо, решил да го продолжи договорот со вториот тим на реал Сосиедад, до 30. јуни 2022 година.
Чаби Алонсо, европски и светски првак со Шпанија, тренерската кариера ја започна во Реал Мадрид, од 2019 година го предводи вториот тим на Реал Сосиедад, кој се натпреварува во Третата шпанска лига.
✍#Zubieta | #AurreraReala pic.twitter.com/v3UBfvvm5q
— Real Sociedad Fútbol (@RealSociedad) March 26, 2021