Кристијано Роналдо го воодушеви фудбалскиот свет со голот што го постигна, во вторникот, на натпреварот прптив Јувентус во Торино.
Португалецот со совршено изведени ножички му даде гол на Џиџи Буфон. Реал победи во Торино 3:0 и реваншот во Мадрид го направи само формалност.
Додека светот е во чудо од она што го изведе Португалецот, речиси незадележиително мина голот на непознатиот напаѓач Антонио Видовиќ играч на Орашје, екипа од Првата лига на Босна и Херцеговина.
На натпреварот против Чапљина тој постигна гол со ножички, а самиот е убеден дека неговиот гол е многу поубав од оној на Роналдо.
„Центаршутот беше прекрасен, во тој момент почувствува дека можам да постигнам гол со ножички. Случајност е што постигнав гол со ножички како што тоа го направи Роналдо ден претходно. Мислам дека мојот гол е постигнат од потешка ситуација. Роналдо ја доби топката на местото каде што стоеше, а јас се враќав кон топката. Мојот гол е постигнат од 13 или 14 метри, а неговиот од седум-осум метри“, изјавил за порталот „sportsport.ba“, Видовиќ.