Веикауслигата, елитната дивизија на финскиот фудбал им забрани на сите клубови да ги одложуваат мечевите поради лошото време или снегот, нешто невообичаено за земја каде што снегот честопати прави проблеми.
На една недела пред стартот на сезоната 2018 (која во финска се игра од пролет до есен, наместо како другите европски лиги), на тимовите им беше соопштено дека доколку не можат да ги одржат предвидените мечеви, мораат да најдат алтернативен терен или ќе ја „загубат домашната предност“.
Според претседателот на лигата, Мати Апунен ова доаѓа откако лигата постојано се мачи со голем број на презакажани мечеви во финишот на календарот, а исто така сакаат да се поттикнат клубовите да инвестираат во „модерни и функционални“ стадиони со терени на кои може да се игра на секакво време.
Дел од тимовите, јасно се незадоволни, како ИФК Мариехам, клуб од Оландските острови во средината на Балтичкото Море, кои сметаат дека се работи за нефер одлука посебно за тие кои имаат природни терени.
„За нас ќе биде невозможно и нефер да играме три гостински мечеви против шампионите ХЈК Хелсинки. Ќе бидеме казнети со ова“, вели директорот на клубот, Петер Матсон.