Капитенот на ирската фудбалска репрезентација, Шејмус Колмен признава дека поразот од Луксембург во квалификациите за СП во Катар 2022 е „засрамувачки“, ветувајќи дека мора да се потрудат повеќе.
Жерсон Родригеш во 85. минута ги шокираше Ирците за 0:1 пораз, со што тие се на последното место во групата А откако претходно загубија од Србија. Со овој пораз, Ирска е без победа по 2:0 победата над Гибралтар во јуни 2019 година.
„Искрено, се работи за шокантен резултат, навистина засрамувачки за нас. Не можеме да се криеме за поразот, тој е наша вина и треба да ни е срам. Немам други зборови да го опишам нашето чувство“, вели Колмен.
Селекторот Стивен Кени сега има 10 меча без победа откако го замени Мик Меккарти.