Ајакс потврди дека нивниот стадион „Амстердам арената“ од следната година ќе се вика „Јохан Кројф арена“ во чест на легендата на клубот. Оваа одлука е донесена по консултациите со локалната власт, која е ко-сопственик на стадионот.
Ајакс исто така потврди дека ќе го открие новото лого на стадионот на 25 април, денот кога Кројф ќе наполнеше 71 година. Легендата на холандскиот фудбал и на Барселона почина во 2016 по борбата со ракот на белите дробови.
„Јохан Кројф е најголемиот фудбалер од школата на Ајакс. Делумно благодарение на него, Ајакс станаа важно име во Холандија и во странство“, изјави генералниот директор на клубот, поранешниот голман Едвин ван дер Сар.
Се јавија и од семејството на Кројф преку соопштение.
„Задоволни сме од вестите што сега и официјално стадионот може да го носи името на Јохан Кројф“, велат од семејството.
Кројф освои низа трофеи во два наврати со Ајакс како фудбалер, вклучувајќи осум титули од Ередивисие и три последователни титули од Купот на европски шампиони. Тој се врати како тренер во 1985 година, освојувајќи ја титулата од Купот на победници на купови на УЕФА во 1987 година.
❤️?❤️#vooraltijdnr14 pic.twitter.com/tQRwiTYuDj
— AFC Ajax (@AFCAjax) April 5, 2018