Top Sport

Поголем, попрактичен, поефикасен и поинтелигентен – Новиот Volkswagen Caddy започна со продажба во Македонија

Volkswagen Комерцијални возила официјално го претстави новото Caddy на нашиот пазар. Петтата генерација на мошне успешниот модел, од кој се произведени над три милиони примероци, се лансира како MPV и градско товарно возило наменето за испорака.

За прв пат, сеопфатниот систем се заснова на модуларната попречна матрица (MQB), што се користи за повеќе модели од Volkswagen Групацијата.

Со најновата еволуција на MQB, бројни нови технологии се имплементрани во новото Caddy: иновативниот систем за асистенција „Travel Assist“ го олеснува возењето и го прави побезбедно управувањето со Caddy. „Секогаш онлајн“ инфо-забавните системи и дигитализираните контроли го прават Caddy паметен телефон на тркала, a новиот систем со двојно дозирање ги претвора емисиите на NOx во вода и безопасен азот.

Надворешноста има нов и харизматичен дизајн, а внатрешноста исто така е функционално испланирана до последниот детал. Во исто време, просторот што го нуди овој нов повеќенаменски систем меѓу компактните комбиња се зголемува, како вистински Volkswagen.

Харизматичен дизајн и нови карактеристики на надворешноста

Визуелно, преминувањето на MQB платформата станува веднаш забележително од подолгото меѓуоскино растојание. Растојанието е зголемено од 2.682 на 2.755 мм, со што Caddy добива подинамичен изглед.

Дизајнерите ја искористија техничката можност претставена од платформата, за да создадат целосно редизајнирано возило – кое е похаризматично од кога било. Во однос на инженерството и функционалностите, надворешноста на Caddy со седум седишта има голем број нови карактеристики.

Овие вклучуваат особено голем панорамски подвижен покрив со транспарентна површина од 1,4 м2 и опционални електрични помагала за затворање на лизгачките врати и задниот отвор. Исто така нови се и 16”, 17” и за прв пат 18 инчни алуминиумски тркала стандардно достапни во верзијата „Style“, која вклучува нови LED предни и задни светла. За прв пат, достапен е системот за заклучување, отклучување и палење на моторот „Keyless Access“.

Со верзијата Keyless Access / Advanced сѐ што треба возачот да направи, е да му пристапи на возилото со клучот во џеб, така што централната брава се отклучува без воопшто да се допира рачката на вратата. Новоразвиениот систем е заштитен со врвна технологија, што го прави исклучително безбеден.

Scroll to Top