Шпанија, во финишот на натпреварот во Тбилиси, спречи нов кикс, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Шпанците, во првата рунда не успеаја да ја победат Грција (1:1), а против Грузија имаа реми до 92.минута, кога Дани Олмо со својот гол го реши прашањето на победникот.
Селекторот на Шпанија, Луис Енрике, одговарајќи на критиките за играта на репрезентацијата рекол дека важна е победата.
„Ова е еден од натпреварите на кои патев, важно е што на крајот можев да се радувам. Еве ќе ви кажам сега, ќе потпишам јас секогаш да се мачам и нервирам, ако ние секогаш ќе победиме. Квалификациите се сложена работа“, рекол шпанскиот селектор.
Шпанија, овој дел од квалификациите ќе го заклучи со дуелот против Косово, во среда.