Најтрофејниот македонски клуб, Работнички ја продолжи победничката низа во домашното првенство, откако триумфираше по 24. пат во 24. меч, совладувајќи го Гостивар со 71:57 во меч од Суперлигата.
Тимот од „Градски парк“ ја обезбеди победата уште во втората четвртина, која ја добија со импресивни 20:7 по солидниот старт на гостиварци, кои водеа на почетокот на мечот. Чавдар Костов со 16 поени беше најдобар за Работнички, Гинјард додаде 13, а Чековски 11 поени, додека за Гостивар најефикасен беше Сегариќ со 14 поени.
СУПЕР ЛИГА, ТАБЕЛА: 1.Работнички 24-0, 2.Блокотехна 18-6, 3.МЗТ Скопје 18-6, 4.Куманово 15-9, 5.Гостивар 14-10, 6.АВ Охрид 11-13.