Валтери Ботас пред стартот на Ф1 сезоната откри дека користел повеќе психолошки и физички методи за подобрување за подобра борба со Луис Хамилтон во тимот на светските шампиони, Мерцедес, но моментот по првата трка од сезоната, односно дискусијата со шефот Тото Волф, јасно ја покажува позицијата на Финецот во тимот.
Ботас заврши трет на трката во Бахреин, но не беше дел од борбата за победа помеѓу колегата Луис Хамилтон и Макс Ферстапен, откако иако беше поспор цел викенд, трката му беше уништена со споро влегување во боксот.
По трката, Ботас беше очигледно исфрустриран и јавно зборуваше за „конзервативната стратегија“ која ја имал тимот за него, додавајќи дека биле „премногу пасивни“. По крајот на трката, тој се обидува да го разјасни ова со шефот Волф, кој јасно му покажува да „пресече“ со критиките“.
Went all the way back to record it. Valtteri talking to Toto and he cuts him off ? pic.twitter.com/2Vs9oaOmDm
— Junaid #JB17 (@JunaidSamodien_) March 28, 2021
Волф тврдеше дека не можело да има друга стратегија.
„Мислам дека немаше некоја друга стратегија. Тој загуби позиција на стартот и не можеше да ја надополни разликата од момците пред него. Влегувањето во боксот беше да го ‘пресечеме’ Макс, и можеби ќе бевме успешни, но имавме проблем со десното предно тркало. Потоа, немаше некоја друга стратегија. Ја сфаќам фрустрацијата кога имате ограничени информации и мислите дека можете да направите нешто поинаку“, вели Волф.