Италијанскиот весник „Ла република“ тврди дека Интер утре, конечно, ќе му ја плати на Реал Мадрид првата рата за трансферот на Ашраф Хакими, по проблемите кои ги имаше лидерот во Серија А со протокот на пари.
„Нераѕурите“ го донесоа Хакими за 40 милиони евра минатото лето, а беше договорено да се платат четири рати по 10 милиони евра. Интер не ја платија првата рата, но потоа се договорија со Реал Мадрид за „почек“ од три месеци.
Според италијанските медиуми, утре Интер исто така ќе има ја исплати и јануарската плата на своите фудбалери, а покрај тоа следува и презентацијата на новиот грб.