Top Sport

Артета го сака Влаховиќ во Арсенал

Оваа дефинитивно не е „сезоната од соништата“ за лондонски Арсенал, па „топчиите“ полека ги кројат плановите за следната сезона.

Лондонскиот клуб, според пишувањата на дел од медиумите на „Чизмата“, е подготвен да одвои над 35 милиони евра за српскиот голгетер Душан Влаховиќ да заигра во нападот на екипата на Микел Артета.

Голем број европски напаѓачи се поврзуваат со „топчиите“, а Влаховиќ е последниот на таа листа.

Српскиот ас досега постигна 12 гола во Серија А, а неодамна се запиша во листата на стрелци и за Србија на возбудливиот меч против Република Ирска.

Најголемото внимание на себе го сврте кога за „виолетовите“ постигна хет-трик за помалку од едно полувреме.
Во минатото Вест Хем покажуваше интерес за Влаховиќ.

Во мечот од квалификациите за СП 2022 меѓу Азербејџан и Србија кој е во тек, Влаховиќ во моментов е на клупата за резерви.

Scroll to Top