Квалитетите на голманите секогаш најдобро се покажуваат под притисок, како што демонстрира примерот на 23-годишниот германски голман Јаник Хут на холандскиот клуб Спарта Ротердам.
Иако, неговата Спарта загуби со 2:0 од Цволе, неговата неверојатна двојна одбрана стана вистински хит на Интернет. По првата инстинктивна интервенција, Германецот беше во својот гол, кога направи фантастична втора одбрана со нога. Секоја чест.