Top Sport

Лактот на Бејл заврши во лицето на Кудела – Коментаторот на „Скај спорт“ ликуваше

Велс, синоќа, забележа победа над Чешка (1:0), во квалификациите за пласман на Светското првенство. Двете репрезентации натпреварот го завршија со фудбалер помалку, а оној кој требаше да добие црвен картон, мина без казна.

Фудбалската јавнос е сложна во мислењето, дека Герет Бејл, намерно го удрил Ондреј Кудела, на три минути до крајот на натпреварот.

Кудела, е добро познат во британската јавност. Пред две недели, по мечот во Лига Европа помеѓу Ренџерз и Славија Прага, менаџерот на шкотскиот тим, Стивен Џерард, го обвини Кудела за расизам.

На снимката јасно се гледа дека Бејл лоцира каде е Кудела, потоа се мести и во скокот го удри а локатот по лицето. Поради овој старт, Кудела не можеше да го продолжи натпреварот, а Бејл иако заслужи црвен картон, не доби никаква опомена.

Крајно непрофесионална е и изјавата на коментаторот на „Скај спорт“.

„Убеден сум дека на најголемиот дел од фудбалската заедница нема да и биде жал што го удри по лицето“.

 

Scroll to Top