Тимо Вернер, минува низ најтешките моменти во кариерата. Напаѓачот кој не знаеше да промаши во Лајпциг, по трансферот во Челси, вреден речиси 60 милиони евра, не знае како да постигне гол.
Вернер е еден од најзаслужните за историската победа на Македонија, над Германија (1:2), во Дуизбург.
Македонија до победата стигна со голот на Елмаз во 85.минута, а пет минути пред неговиот гол, Германија преку Вернер имаше шанса за целосен пресврт. Напаѓачот на Челси од чиста позиција, од седум метри наместо во голот топката ја испрати три метри покрај него.
Werner is not a serious footballer
— Taísto (@TaistoFCB) March 31, 2021
За придонесот во победата на Македонија, некој се сетил дека Вернер треба да „добие“ македонска лична карта.