Пионерскиот ID.3 на Volkswagen пристигна во нашата земја. Ова возило е симбол на новата ера за Volkswagen. ID.3 ја проширува понудата на Volkswagen како прв модел на комплетно новата генерација на електрични возила – со нула емисии, извонредна ефикасност и целосна поврзаност. Во исто време, ID.3 го отсликува ребрендирањето на Volkswagen, кое јасно ја истакнува визијата за електрична иднина.
ID.3 е сеопфатен автомобил, погоден за секојдневна употреба. Тој е компактен, а како таков, нуди карактеристики на маневрирање на мал автомобил со просторност во внатрешноста како кај поголемите возила. Тој комбинира возбудлив дизајн со иновативна технологија и значителен досег.
ID.3 од Volkswagen отвора нова ера на мобилноста. Ова е прв модел од ID серијата на возила која се карактеризира со 0 емисии на штетни гасови, импресивна динамика на возење што е карактеристична за електричните автомобили и целосна поврзаност. Како и сите идни ID модели, ID.3 се заснова на новата модуларна матрица за електричен погон (MEB), која е дизајнирана за електричен погонски систем без компромис.
ID.3 го користи новиот дизајнерски јазик, што го прави веднаш препознатлив како возило со нула емисии.
Наменето за електричната иднина, носи ново ниво за квалитет на дизајн во категоријата на компактни возила. Со ID.3, Volkswagen се движи кон иднината. Природниот стил и апсолутно интуитивно искуство за возачот демонстрираат нов, електричен начин на размислување.
Внатрешноста е исто така револуционерна. Долгото меѓуоскино растојание на MEB платформата, во комбинација со многу куси превиси, резултира со просторна внатрешност на возилото. ID.3 поставува нови стандарди во компактната класа. Дигиталните, целосно ново дизајнирани елементи и контроли на дисплејот гарантираат дека секој возач интуитивно ќе го најде својот пат во ID.3. Покрај дисплејот на кокпитот, ново развиениот, централно позициониран, десет-инчен дисплеј на допир им ги дава на возачите сите клучни информации.
Сите контроли – вклучително и оние на мултифункционалниот управувач – се управуваат со употреба на функции на допир. Само електричните прозорци и светлата за предупредување за опасност сè уште работат со тактилни прекинувачи. Ова е дополнето со интелигентна контрола со природен говор. Благодарение на App Connect, ID.3 може да се поврзе со вашиот паметен телефон за неколку секунди.
Од самиот почеток на продажбата, ID.3 е достапен со три опции за големина на батеријата. Основната варијанта има корисна енергетска вредност од 45 kWh и овозможува досег до 330 километри (според WLTP). Потоа следува варијанта на батеријата со 58 kWh, што му овозможува на ID.3 да постигне досег до 420 км. Енергетската содржина на најголемата батерија е 77 kWh, а нејзиниот електричен досег е до 550 километри. Благодарение на неговата можност за брзо полнење, можно е да се наполни ID.3 за досег од околу 290 километри во рок од 30 минути, користејќи моќност за полнење од 100 kW.
Самите батерии се интегрирани во подот. Ова позиционирање има позитивен ефект врз динамиката на возењето, бидејќи го поместува центарот на гравитација значително пониско. ID.3 се карактеризира и со оптимална дистрибуција на тежина помеѓу предната и задната оска.
Запознајте го новиот ID.3 одблизу, во вашиот најблизок салон на Volkswagen.