Легендарната норвешка крос-кантри скијачка, најуспешната натпреварувачка во историјата на Зимските олимписки игри, во петокот објави дека става крај на кариерата.
Бјерген, блескавата кариера ја започна во далечната 1999 година.
38-годишната Норвежанка на Зимските олимписки игри има освоено 15 медали, од кои осум златни, четри сребрени и три бронзени. На Светските првенства освоила 18 златни, пет сребрени и три бронзени медали.
Во рамките на Светскиот куп во скијако трчање, Норвежанката забележала 114 победи, а четири пати го освоила големиот Кристален глобус.
„Чувствувам дека немам доволно мотивација, која е потребна за да го дадам својот максимум наредната година. Поради тоа решив да се пензионирам“, изјавила Бјерген за норвешките медиуми.
Во вторникот, крај на кариерата, објави и сонародникот на Бјерген, бијатлонецот Оле Еинар Бјерндален.