Top Sport

Раиконен најбрз на вториот тренинг

Возачот на Ферари Кими Раиконен го забележа најдоброто време на вториот тренинг, во пресрет на трката за Големата награда на Бахреин. Најбрзиот круг на Финецот изнесуваше 1:29.817 минути.

Сепак, за време на тренингот механичерите на Ферари направија грешка, поради што Раиконен ќе биде под истрага. Имено додека Финецот ги менуваше гумите тие не ги испочитувале безбедносните правила во моментот кога требаа да го врата Раиконен на патеката.

Можно е возачот на Ферари да биде казнет со одземање на позиција, односно да ја стартува трката од некое место подолу од она што ќе го освои во квалификациите.

Зад Раиконен на вториот тренинг се пласираа Себастијан Фетел (1:29.828), а потоа следуваа возачите на Мерцедес, Валтери Ботас (1:30.380) и Луис Хамилтон (1:30.472), односно пилотите на Ред Бул, Макс Ферстапен (1:30.745) и Даниел Рикардо (1:30. 751).

Во сабота на програмата најпрвин е тртиот тренинг (14 часот), а потоа се квалификациите (17 часот). Трката за Големата награда на Бахреин се вози во недела од 17:10 часот.

Scroll to Top